По што ќе остане запаметен овој пратенички состав. Дали по крвавите сцени, претепаните пратеници, тензичните седници на раб на инциденти или ноќните седници за историските промени наменети за посветла иднина со членството во НАТО и ЕУ.

Сега веќе распуштениот состав ќе остане покус за една година од предвидениот четиригодишниот мандат. Носеа закони, и дејствуваа според Закони. Со Закон, народните избраници си делеа високи бонуси за патарини. По критиките во јавноста со закон си ги намалија патните привилегии. Сложно како браќа, власта и опозицијата донесоа Закон со кој партиите секоја година ќе си делат 4,5 милиони евра пари од граѓаните.

Тешко одеше формирањето на овој состав. Конститутивната седница траеше 4 месеци, се до 27 април 2017 година, кога се случи „крвав“ упад во законодавниот дом. За време на заклетвата на идниот шеф на Собранието Талат Џафери од ДУИ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа дека тоа било пуч. Од собраниската говорница се пееше химната на Албанија. Само неколку дена подоцна на 31 мај со 62 гласови „за“, 44 против и 5 воздржани беше избрана новата Влада на Зоран Заев.

Годината заврши со ставањето на потписот на спикерот Џафери врз Решението за распишување на локални избори кои се одржаа во октомври. Народните избраници од пратеничкиот состав 2016/2020, не здивнаа ниту нареднта 2018 година. Пред нив беа исправени историски одлуки. На 15 јануари со 61 глас „за“ и еден воздржан на независниот пратеник Ферид Мухиќ, го изгласаа Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Целиот текст на Солободен печат прочитајте го на следниот линк