Што веќе знаевме, а што ново дознавме за Игор Јанушев, новиот “Шефе, ми текна”:
- Денес декларативно се промовира како нов кадар на Мицкоски, во реалноста е стар кадар на Груевски;
- Денес декларативно се залага за родова еднаквост, во реалноста се заканува на жени со пцовки и боксови;
- Денес декларативно повикува на фер борба, во реалноста се заканува со насилство кон секој што не мисли исто како него;
- Денес декларативно се залага за борба против криминал, во реалноста осомничен за набавка на кинеските автобуси;
- Денес декларативно ветува дека ќе даде се’ од себе да има повеќе пари за граѓаните, во реалноста не мислел така кога бил дел од проектот за изградба на “Панорамското тркало” од неверојатни 18,3 милиони евра;
- Денес декларативно се залага за функционирање на институциите, во реалноста му бил десна рака на Миле Јанакиески, еден од најлојалните соработници на Груевски со кого преку телефон договарале авиони, чартери и други аранжмани од нивниот ресор;
- Денес декларативно се залага против рекет, во реалноста испраќале фактури на која фирма ќе им текне со усна наредба – “На Бетон пушти му да плати”;
- Денес декларативно се залага за фер избори, во реалноста со телефонски наредби и користејќи ги релациите од ресорот во кој работеле ги носеле “нашите” на гласање;
- Денес декларативно се залага за дистанцирање од режимот на Груевски, во реалноста станал директор на ЈСП како лојален кадар на Никола Груевски;
- Денес декларативно се залага за еднакви можности за работни места за сите, во реалноста прво вработување директно од штаб па во Министерство за транспорт и врски;
- Денес декларативно се грижи за земјоделците, во реалноста ќе им отвора рудници;
- Денес декларативно се залага за зачувување на здравјето на граѓаните, во реалноста пие кафиња и се групира секогаш кога ќе му се укаже прилика за тоа.