Дали кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада даваат една добра мини-проекција како би се однесувало ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт?!

Техничката влада е нужно зло кое претставува еден преоден формат до одржување на избори и избирање на легитимна политичка влада. Затоа е и предвидено ваквиот формат да има широк опфат и застапеност на политичките структури и чинители, а основна задача е успешно да ги организира и спроведе изборите. За потсетување, првата ваква влада се формираше пред предвремените избори во 2016 година, а технички премиер тогаш беше Емил Димитриев.

Меѓутоа, изгледа опозициската ВМРО-ДПМНЕ ниту го сфати концептот и целта на постоењето на оваа преодна влада, ниту ја сфати улогата на нејзините кадри во техничката влада. Наместо да вложат напори овој критичен, преоден период за државата да помине со минимум штета и висок степен на кооперативност, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа техника влада се една добра проекција на една хипотетичка мини влада на ВМРО-ДПМНЕ и како таа би се однесувала доколку утре добие власт. Наместо добра волја, соработка и здружени напори за одење напред, техничките министри и заменици-министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ сфатија дека ова се нивните 5 минути, а мисијата им е да демонстрираат тврдоглавост, своеволност и моќ и да ги опструираат сите започнати политики и процеси на претходната влада, под диригентска палка на “менторот на дистанца” од кого во ниту еден миг не ни помислија да се оградат. Напротив, изгледа прв приоритет по назначувањето на новите технички функции им беше старите кадри на Груевски инстантно да се инсталираат и вмрежат во институциите за да може повторно да проработат старите шеми.

Па, нели ова беа одлики на режимот кој сакаме да го оставиме зад нас?  Нели сите сакаме да одиме напред? Еве само мал дел од “придонесот” на техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада:

  • не заборавија да постават ПАРТИСКИ ОБЕЛЕЖЈА уште неседнати во фотелјите;
  • ИМЕТО НА ДРЖАВАТА го моделираа по потреба, како да е направено од пластелин, па Северна го одземаа и додаваа до бескрај зависно од контекстот и како им одговара во дадениот момент;
  • ги контаминираа институциите во кои влегоа со ГРУЕВИСТИЧКИ СТРУКТУРИ и САБОТЕРИ, од кого секако во ниту еден момент не се дистанцираа, ниту оградија;
  • злоупотребуваа државни ВОЗИЛА и други јавни РЕСУРСИ;
  • излегоа со мноштво лажни статистики и изјави кои самите ФАКТИ и ДОКУМЕНТАЦИЈА ги ДЕМАНТИРАА како неточни и тенденциозни;
  • снимаа СПОТОВИ за време на полициски час во услови на вонредна состојба;
  • купуваат најскапи АЈФОНИ на државна сметка;
  • се обидуваат да ги вратат старите методи на режимот кон земјоделците, да наметнуваат ТАРИФИ, да УЦЕНУВААТ, да бараат ПОТКУП и да ги УГНЕТУВААТ;
  • во услови на светска пандемија поддржуваат политика на НЕКАЗНУВАЊЕ и НЕСПРОВЕДУВАЊЕ на мерките пропишани од здравствените експерти;
  • немо набљудуваат НЕОБЕЗБЕДЕНИ ВЕРСКИ собири и други “спонтани” собирања;
  • не го променија заканувачкиот пристап кон НОВИНАРИТЕ и МЕДИУМИТЕ, напротив го практикуваат;
  • највисоките авторитети на партијата демонстрираа највисока форма на самоволие непочитувајќи ги анти-корона МЕРКИТЕ бидејќи личните задоволства ги ставија пред колективното здравје на граѓаните.

Клучно е добро да размислиме дали сакаме ваква реалност или некоја друга прогресивна реалност. Дали ќе останеме заковани за груевистичкте идеи од минатото за тотална партизација на секој сегмент од државата или ќе продолжиме да одиме напред?

Затоа е битно што побрзо да се излезе од оваа агонија и да се формира нова политичка влада која ќе ги држи сите конци во рацете. Прв приоритет на која влада и да дојде по изборите треба да и биде продолжување на успешната евроатлантска приказна и санирање на последиците од корона-кризата, а не санирање на штетите од постапките на деструктивните опозициски кадри.

А единствен излез кон тоа секако се брзи избори!