Началникот на Секторот за внатрешни работи (СВР) од Скопје, Ристо Ставревски, кадар предложен и назначен од страна на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, вчера излезе на прес-конференција за да ја информира јавноста дека МВР ја затворило истрагата за случајот „Теретана“ поврзан со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со образложение дека доказите кои ги прибрале се разликуваат од перцепцијата која била создадена во јавноста. Се сомневам дека некој во државава разбра што значи тоа сè додека одредени медиуми не им појаснија на граѓаните дека снимките биле фалсификат. Замислете,  Ф А Л С И Ф И К А Т?!

После ваквото исмевање со здравиот разум на граѓаните од кои планираат да бараат доверба, неизбежни се неколку прашања:

  • зошто баш вчера во очи на стартот на кампањата решија да го затворат случајот “Теретана”, мислат ли дека со тоа ќе избришат една од дамките и ќе ги амортизираат критиките на контото на неодговорно однесување на Мицкоски во кампања?
  • можеби некој ќе поверуваше во вчерашната прес-конференција доколку претходно  не слушневме како Мицкоски ургирал за случајот?!
  • можеби некој ќе поверуваше во вчерашната прес-конференција доколку тоа беше единствениот испад на Мицкоски, а не после тој настан истиот Мицкоски да биде учесник уште во мал милион слични ситуации каде безобѕирно гази по мерките на здравствените власти?
  • како од тоа дека снимките се стари и датираат од друг период во 2019 година стасавме до тоа дека снимките се фалсификувани?!
  • како од тоа дека на рацете на вработените во теретаната нема ракавици, туку отсјај, стасавме до тоа дека снимките се фалсификувани?!
  • како од тоа дека отсјајот не е отсјај, туку сепак обоени ракавици, стасавме до тоа дека дека снимките се фалсификувани?!
  • кој ги фалсификувал снимките и зошто?

Дали со затворањето на овој случај не се потсетивме на она старото режимско ВМРО-ДПМНЕ и тоа кога беше во најдобра кондиција и во негов полн сјај?! Со иста ваква експедитивност, некреативност и потценувачки однос на здравата интелигеција ги решаваа сите случаи и секогаш во своја корист, без исклучок!

Има снимки-нема снимки, има ракавици-нема ракавици, има отсјај-нема остјај и на крај СНИМКИТЕ БИЛЕ ФАЛСИФИКУВАНИ?!

Еве мал пример кој докажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ и дека сите случаи утре ќе ги решаваат баш на овој истиот начин, а тој филм овој народ веќе го има гледано?!