Ви пренесуваме дел од најновото истражување на Гоце Трпковски за Призма:
-Улицата Богларка во Будаорс, предградие на 12 километри од Будимпешта, не е впечатлива по ништо, судејќи според сликите на Гугл мапс. Семејни куќи со дворови, тревници и дрвја, понекој паркиран автомобил пред гаражите – сосема обично приградско маало какви што има насекаде низ Унгарија и низ Европа.
На крајот од оваа слепа улица има мала дрвена барака каде што е регистрирана фирмата Оливери. Тоа е компанија што тргува со маслиново масло што се произведува во Хрватска, а се рекламира само на одредени медиуми во Македонија.
Рекламата може уште да се види на телевизијата Алфа. До неодамна доминираше и на повеќе информативни портали (Курир, Денешен, Лидер, Република и други), но од почетокот на годинава ја снема оттаму и остана само на телевизијата.
И други, еднакво опскурни мали фирми од Унгарија, исто така, објавуваа или сѐ уште објавуваат реклами на овие медиуми. Станува збор за Бониарт, трговска фирма за онлајн-продажба на декоративни производи за домот, како магнети за фрижидери, плочки со натписи за врати и Скин Дилајт фирма за козметички производи.
Во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, на овие медиуми се објавуваа реклами од владините кампањи и од големи домашни компании. На пример, една од фирмите, Ем Медиа, во 2015 добила 25.000 евра за два месеца од Владата покажува базата на податоци за буџетски исплати.
Освен овие пари, огласи во вредност од 250 до 500 евра на порталите на оваа компанија објавувале и министерствата за економија, образование, транспорт и врски, животна средина, како и агенциите за вработување и за катастар.
Целиот текст на следниов ЛИНК.