Да се потсетиме како изгледаше масовниот протест на македонските граѓани пред 4 години кога се протестираше во име на правдата.
Имено во февруари 2016.година во организација на граѓанското здружение „Ајде“ се  спроведе марш во центарот на Скопје на кој граѓаните побраа да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот!

Граѓаните тогаш протестираа против судиите кои тогаш ја донесоа одлуката за помилување за изборните измами и други тешки криминали и од нив бараа да си поднесат оставка и тогаш, во 2016. година, порачаа „Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта!“