За оние што сè уште не разбрале што содржи “Обновата” на ВМРО-ДПМНЕ, еве една добра илустрација.
И ако граѓаните досега се прашувале што точно планираат да обновуваат ВМРО-ДПМНЕ кога би добиле власт, тука е Игор Јанушев, носителот на ИЕ 3 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да ви одговори. Доколку добие власт, ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира старите идеи на Никола Груевски на кого не му успеа истите да ги избутка докрај, а му останаа пуста желба.
Еден таков грандиозен проект што го најави Јанушев е отворање на рудници.
За време на владеењето на Никола Груевски, владата во 2014 година донела одлука да се издаваат концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини речиси за цела источна Македонија, односно за 22 општини. Како резултат на таквите активности на југот од државата беа организирани референдуми кои јасно му ставија до знаење на тогашниот премиер што мислат за неговата идеја. Во дел од општините референдумот беше со 99% од гласовите ПРОТИВ отворање на рудници, а еколошките друштва спроведоа жестока кампања со која земјоделството, кое е нивна егзистенција, го ставија пред рударството. Тогаш граѓаните беа сплотени, гласни и силно кажаа НЕ за рудниците, а ДА за земјоделските површини, зеленилото, чистиот воздух, незагадените реки…
Меѓу другото, општо познат проблем на оваа држава е заштитатата на животната средина и борбата за чист воздух која е реалност на овие подрачја, особено во зимските месеци.
Ете така учениците на Никола Груевски на мускули ги буткаат неговите проекти, а не би било многу чудно доколку и самиот ментор на дистанца вмешал прсти во “Обновата”?!