За само три дена предизборна кампања од Игор Јанушев не слушнавме ништо конкретно, освен дека тој ќе ги исправал неправдите што ги направил СДСМ, а граѓаните ќе кажеле ДОСТА.

И навистина е доста!

Ама Јанушев како да подзаборавил дека ова се парламентарни избори, а граѓаните очекуваат конкретни решенија на нивните проблеми или барем оној кој претендира да биде нивен политички претставник искрено да ги сослуша.

  • ДОСТА Е кампањата да ја користите за лична себепромоција, а проблемите на терен многу да не ве интересираат, граѓаните препознаваат искреност, исто како што препознаваат и лажна загриженост!
  • ДОСТА Е како најголем успех да го истакнувате тоа дека како многу млад сте излегле од Велес и дека воопшто немате време да бидете во Велес, а сакате да ве доживуваат како човек од народот кој на прсти ја знае ИЕ 3. Што да очекуваат граѓаните од останатите делови од изборната единица 3 од човек за кого посетата на родниот град е луксуз?!
  • ДОСТА е од потценувачки и срамни видео спотови, ДОСТА е да играте главна улога во спот во кој сите кадри се снимени во Скопје, а ја претставувате ИЕ 3!
  • ДОСТА е во скапа брендирана облека да посетувате пазари, бидејќи чесните работници не веруваат на предизборни манекени кои во кошули кои вредат колку минималната плата од времето на ВМРО-ДПМНЕ се шетаат по пазарите!
  • ДОСТА е од политичари кои на прва критика од обичен пазарџија на пазарот во Штип, констатира дека подобро ќе било да ја започнеле посетата од другиот влез на пазарот. Ако сте искрен и ако воопшто ја сфаќате поентата на теренските посети, кога некој од граѓаните ви вели “Сега ви текна да дојдете?!” или “Само пред избори доаѓате?!”, тогаш треба да застанете и да подразмислите, а не да се прекорувате зошто не сте ја започнале посетата од другиот влез на пазарот! Искрена грижа за граѓаните не е да барате начин како да ги заобиколите, туку да се соочите со нив, па дури и тогаш кога имаат да ви кажат нешто што нема да ви се допадне!
  • ДОСТА е од политичари кои се фалат со своето професионално искуство стекнато во времето на Никола Груевски, да се фалите како од партиски штаб директно сте влегле во министерство и како сте станале главен играч на сите крупни проекти. За сметка на таквите како Јанушев којшто се фали со тоа дека на 14 години влегол во партиски штаб, а прв ден после дипломирањето влегол во Министерството за транспорт и врски, половина од младите од државава се иселија во времето на “брилијантните’ кадровски политики на неговиот шеф Никола Груевски!
  • ДОСТА е да го спомнувате, а камоли да се фалите со “преуспешното” раководење со ЈСП!
  • ДОСТА е секоја прилика да ја користите за да ја труете јавноста со неосновани обвинувања дека експлозивната направа кај Мисајловски и демолираниот автомобил на Ковачки се дело на СДСМ, бидејќи помина времето кога партијата на Груевски беше и обвинител и полицаец и судија, дозволете надлежните институции да си ја завршат работата! Меѓу другото, денеска имавме прилика да слушнеме како и сегашниот лидер Мицкоски опструирал носење на закон со цел да одолговлече судски процес на финансиерот на партијата!

Доста е!