16 kongres na VMRO DPMNE za izbor na nov lider na partijata glasanje kandidat Hristijan Mickoski

Што се случува во ВМРО ДПМНЕ? Се случува една агонија на која не и се гледа крајот. По четири изборни порази партијата се наоѓа на крстопат по кој пат да продолжи понатаму.

Се чини дека ВМРО ДПМНЕ е заглавена во минатото и дека тешко може да се прилагоди на новите процеси и новите разврски на политички и безбедносен план во Македонија и во регионот.

Партијата се соочува со сериозна лидерска криза и со сериозен проблем што понатаму? Христијан Мицкоски најави дека не планира на поднесе оставка, бидејќи според неговата весела математика тој не ги изгубил изборите. Старите членови на партијата се сомневаат дека со Мицкоски на чело на партијата може да се победи на следните локални избори и тука почнува тој хроничен вмровски заплет, како да се решат проблемите.

ВМРО ДПМНЕ е лидерска партија и со статутот на партијата ако лидерот не сака да поднесе оставка тогаш постојат многу мали процедурални можности тој да биде сменет по демократски пат. Тоа ја носи партијата во класичен ќорсокак, ако останат со Мицкоски ќе продолжат да губат и пропаѓаат. Ако се одлучат да го менуваат Мицкоски ќе влезат во процес на расколи во партијата од што ВМРО ДПМНЕ може уште долго да не се опорави.

После првичната еуфорија на таа т.н. Мериот коалиција предводена од Сашо Мијалков дека брзо ќе ја средат смената на Мицкоски се влезе во еден процес на пимплање каде се поставува прашањето Мицкоски е толку силен што не можат да го сменат? Или тие никогаш и не сакале да го сменат и само му давале алиби на Мицкоски да купи време по изборниот пораз?

Се добива впечаток дека тие односи меѓу Никола Груевски, Сашо Мијалков и Орце Камчев се толку испреплетени што тешко може да се направи промена во ВМРО ДПМНЕ и смена на Мицкоски а некој од нив да не биде пуштен низ вода. И тука се чини лежи зајакот, како да се смени Мицкоски а тоа да не биде на штета на Мијалков, Груевски и Камчев.

За крајот на месецот беше најавен Конгрес организиран од страна на таа Мериот коалиција. И некако се стиша таа работа и повеќе не се зборува за тоа. На тој Конгрес наводно не требаше да се избира нов лидер туку само да му се изгласа недоверба на Мицкоски. Како што сега стојат работите тешко дека ќе дојде до реализација на тоа сценарио. А може е ова само затишје пред бура!?

Во овој момент се добива впечаток дека Груевски и Мијалков како да прифатиле преку Камчев да го контролираат Христијан Мицкоски и ден за ден да го трошат како мексикански боксер кој млад се повлекува и пензионира.

Старите членови на партијата не би сакале ниту да помислат дека колебањето да се смени Мицкоски е можеби договорено со Заев на кого очигледно му одговара на чело на ВМРО ДПМНЕ и понатаму да остане Христијан Мицкоски. Мицкоски ќе го чекаат предвремени локални избори во Штип и ако нив ги преживее редовни локални избори идната есен. Потоа следува период од три години без избори. Можеби е тоа новата стратегија, да се остави Мицкоски да биде уште еднаш по петти пат поразен пред да се направи смена во врвот на партијата.

Во секој случај партијата се наоѓа во тешка ситуација. Протестите во Скопје покажуваат дека енергијата во ВМРО ДПМНЕ е на многу ниско ниво. Лидерската криза е евидентна и се повеќе од вмровските гласачи сакаат да го слушаат Апасиев а се помалку Мицкоски. Но уште поевидентна е идеолошката криза и правецот во кој се движи ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски се повеќе заличува на Бранко Црвенковски од 2013 година кога со бела чао и со Отпор сакаше да го порази Никола Груевски. И наместо пораз на Груевски му се случи расцеп во СДСМ и потоа заминување на Црвенковски во политичка пензија. Двете последни лидерски смени во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се случија по локалните избори во 2013 и 2017 година, тогаш Црвенковски и Груевски си заминаа од челната позиција во партијата. Дали таква ќе биде судбината и на Мицкоски!?

Целата политичка анализа може да ја погледнете на следниот линк:

Извор: Во Центар