На 29.04.2020 година Отсекот за економски криминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Игор Гоцевски (38) од Струмица, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од кривичен закон.

Во декември 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини сопственост на правен субјект од с.Бучим, општина Радовиш, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции согласно Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2019 година.

Во април 2020 година пријавениот остварил контакти со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати пари во износ од 600 евра, како награда за претходно изготвениот записник без констатирани неправилности, а ако не го стори тоа, тој ќе изготви нов записник со констатирани неправилности, поради што ќе мора да ги враќа исплатените средства и нема да има право да аплицира за доделување на субвенции следната година.

На 29.04.2020 година околу 08.00 часот на локален пат од село Бучим кон Радовиш од страна на полицски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш е запрено патничко возило марка „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г., при што во возилото се пронајдени обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на правниот субјект од село Бучим.

Гоцевски е лишен од слобода и по поднесена кривична пријава е предаден на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, од каде е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Струмица.

Игор Гоцевски е член на највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Извршниот комитет. Тој, воедно го води партискиот сектор, аналитика.

На фотографијата подолу, Гоцевски е во друштво на првите луѓе во струмичкото ВМРО-ДПМНЕ.

Прв и втор од лево се пратениците Васил Пишев и Ванковер Манчев, до нив е уапсениот Гоцевски, а веднаш до него кандидатката за пратеник, Ели Панова и понатаму се редат поранешни директори, функционери, советници…

Бидејќи Гоцевски беше фатен на дело со обележани банкноти, и кадарот на Мицкоски во земјоделие, Цветан Трипуновски призна дека лице со иницијали И.Г е фатено како бара ПОТКУП. Всушност, Трипуновски и немаше друга опција, освен да го признае ова дело на свој висок функционер од Струмица.

После ова се поставува прашањето, како мислат ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски, да ја добијат подршката од земјоделците? Со кои очи ќе се појават во овој регион и ќе ги убедуваат луѓето да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ? Ако вака се однесуваат уште недојдени на власт, може да замислиме што ги чека кутрите земјоделци ако ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кадри повторно завладеат со ова министерство.

А сеќавањата се уште свежи.

Земјоделците многу добро знаат како во време на ВМРО-ДПМНЕ кога Цветан Трипуновски од удобната пратеничка фотеља збор не кажа кога државното земјоделско земјиште наместо кај земјоделците завршување во владение на негови колеги пратеници и нивни семејства како и кај локални моќници на ВМРО-ДПМНЕ за кое сите тие добиваа огромни суми на субвенции. Затоа пак, сега е најгласен, затоа што најверојатно, не е навикнат подолго време на биде во опозиција. Но за тоа, сепак одлучуваат граѓаните. Тие ќе пресудат дали сакаат ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски да се вратат на власт со нивните кадри на кои очигледно малку им е платата што ја добиваат секој месец па уште бесрамно бараат ПОТКУП за извршување на криминални дејанија.