Од пропадната електронска здравствена картичка, преку набавка на опрема за видео надзор вреден над 1 милион евра за незаконско снимање на болнички простории, па се до систематско дозволување со лошите услови за работа да се случи најмасовниот одлив да лекари во странство, тоа го одликува здравството во период од 2006 до 2017 година. После 11 години криминал и недомаќинско работење, македонскиот здравствен систем во последните 2 години застанува на здрави основи и оди напред. Сепак, наспроти 11те години расипништво и негрижа, ни за здравствениот персонал ни за пациентите, дали 2 години се доволни за здравството да просперира. Резултатите велат дека да, возможно е, но уште треба да се работи.
Следната хронологија на случувањата и настаните, најочигледно ја кажува состојбата какво беше здравството во периодот од 2006 до 2017 година, а какво е денес.
Електронска здравствена картичка првпат беше воведена кога министер за здравство беше Бујар Османи. Скандалозниот проект почна да се реализира во 2013 година, следеше набавка првите 500.000 картички, кои граѓаните ги плаќаат по 250 денари. Во 2016 година, повторно беа побарани 250 денари за картички, но овој пат од 46.000 здравствени работници за истата намена. Картичките не е добиени бидејќи Министерството за здравство не исплаќало средства на фирма АКД за изработените картички. Истата година скандалозниот проект неславно заврши, а билансот е – беа собрани помеѓу 6 и 8 милиони, 310.000 граѓани и 46.000 здравствени работници останаа без картички иако уплатиле за нив и над 70.000 читачи за картички беа набавени, а никогаш не се употребени, стои во анализата на НОВА.
Во можеби еден од најмрачните периоди во македонското здравство, кога болниците немаа лекови и медицински материјал, лекови се земаа на реверс, но со наталожените долгови, веледрогериите престануваа да доставуваат па лекови за пациенти со карцином и со ретки болести, немаше.
Токму во овој период следеше уште еден скандалозен проект којшто се коси и со законите но и со етичките принципи, видеонадзор во болниците. Првпат беше претставен во 2008 година за време на министер Бујар Османи.
Во истиот период беа набавени 1.200 камери за видеонадзор, а образложението беше дека се прави за подобра ефикасност во работењето. Откако беа набавени и поставени, Дирекцијата за заштита на личните податоци се изјасни дека снимањето е законско. Камерите беа демонтирани. Вредноста на овој проект, бесцелно потрошено пари е над еден милион евра. Тодоров дури и имаше една најава да ги врати камерите, но не успеа.
Целосната состојба во здравството, лошите услови за работа, немањето средства и генералното незадоволство придонесе за најголемиот и најмасовниот одлив на здравствениот персонал. Некои во приватното здравство а многу повеќе во странство. Во анализата, се наведуваат изворите од Лекарската комора дека од 2010 до 2018 година од државата заминале 1.207 лекари. Недостатокот на персонал, лекари и специјалисти резултира со неверојатен пад во здравствениот систем и здравствената нега.
Наспроти овие три клучни точки во падот на македонскиот здравствен систем, во 2018, 2019 и 2020 година следеше драстична промена во функционирањето. Преземени се бројни мерки со кои се подобри целокупниот здравствен систем.
Пред се, пациентите се ставени на прво место, направено е двојно зголемување на буџетот за ретките болести. Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и изнесува 527 милиони денари. Во 2019 година истиот изнесуваше 485 милиони денари. Оваа година се воведоа и 6 нови лекови за третман на ретки болести меѓу кои: Лек за фамилијарна амилоидна полиневропатија, Лек за апластична анемија, Лек за спинална мускулна атрофија, Ампуларна и Таблетарна терапија за пациентите со Гоше, Лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза. Воспоставен е електронски регистар за оваа група на пациенти.
Исто така, укинати се квотите, во 2019 година граѓаните имаат достапни лекови во секое време. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, сега пациентите можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Со оваа мерка решен е долгогодишниот проблем со набавка и достапност на лекови.
Овозможено е и бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава.
Со зголемување на платите значително е подобрен статусот на лекарите и воопшто на здравствените работници. Во 2020 година основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година. За 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, педијатрија, гинекологија и стоматологија, а на терциерно ниво се одобрени повеќе од 1000 специјализации и супспецијализации.
Во 2019 година преку обуки, спроведен е стандардизиран пристап во сите родилишта. Дополнително е обучен кадарот, со медикаменти и опрема се надградени вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период.
Промените и подобрувањата се бројни и во капацитетите и во медицинска опрема, и уште ќе следат. За промени на подобро, за зајакнување на атрофираното здравство потребно е време. Времето може да биде залудно потрошено под погрешно раководство. Ова е пример како правилниот начин на работа и фокусот на вистинските потреби за народот може да резултираат со позитивни промени и во краток временски рок.