-Никој не сака да отвори војна меѓу музеите. Тие, сепак, се културни институции. Но, сите се свесни за фактот дека државата отвори нови установи што се скапи за одржување, притоа целосно занемарувајќи ги проблемите и потребите на старите.
„Очигледно дека тука станува збор за луксузирање на едни на сметка на основните потреби на други“, вели поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, денес национален координатор за култура во Владата.
Восочните фигури во Музејот на македонската борба, додава тој, немаат никаква музејска и уметничка вредност или историска функција, а задржуваат пари.
„Петстотини илјади денари за струја месечно можеби треба да се потрошат за да се заштити некое уметничко богатство, но не за нив. Има вредни слики што се чуваат без соодветни микроклиматски услови, а ние ладиме восочни фигури. Па, дури и да била комерцијална целта на нивното поставување, приходот не ја оправдува инвестицијата“, смета Алаѓозовски.
Директорката на музејот, Даниела Николова вели дека нема избор.
„Тие восочни фигури се сопственост на државата и се оставени на моја одговорност. Јас не можам да дозволам да се оштетат“, додава таа.
Целото истражување на Гоце Трпковски за Призма за следниов ЛИНК.