Цветан Трипуновски, кадарот на Мицкоски во ресорот земјоделие, како дополнителен заменик министер беше само неколку месеци, во техничката Влада.

Јавноста најмногу ќе го памети по тоа што хараше по институциите и сееше страв и закани кон вработените.

Истиот тој Трипуновски, кој себе си се промовираше како некаков заштитник на земјоделците, после само неколку месечна работа во министерството, поднел барање до Собрание на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, за апанажа или народски кажано, да не работи ништо а да зема пари од државата.

Човекот кој години наназад е постојано на државна функција, од советник, пратеник, директор, дополнителен заменик министер, без никаков срам од кутрите земјоделци и останатите граѓани кои работат на нивите од рано утро до доцна вечер, на сонце и на дожд, да заработат некој денар, Цветан ќе си седи дома и ќе си зема пари од државата, односно од трудот на земјоделците и останатите даночни обврзници.

Токму ваквата лажна грижа за граѓаните, гласачите ја препознаа на неодамна одржаните избори и ВМРО-ДПМНЕ го оставија и во наредните четири години во опозиција. Дури и во нај земјоделскиот крај, во Изборната Единица 4, Трипуновски не успеа да ги убеди земјоделците да гласаат за програмата на неговата партија, и таму ВМРО-ДПМНЕ беше поразена.

Токму затоа, во опозициската партија повеќе од потребно е голема чистка која ќе ги опфати ваквите истрошени кадри, со кои до сега се нижат само порази.