Во следните 4 години даваме збор за вложување на една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците.

1
👉За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата.

2
👉За младите земјоделци обезбедуваме до 100% поголеми дополнителни субвенции во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство.

3
👉Поддршката кон жената земјоделка носител на земјоделско стопанство од 6.000 ја зголемуваме на 10.000 евра.

4
Овие избори кои ни претстојат се посебно важни за државата. На нив не гласаме за или против #СДСМ, туку за или против иднината на државта.
Ајде заедно да го продолжиме развојот, да не се враќаме назад.

На 8 мај да излеземе и да гласаме за Број1, за европска иднина дома.
ФБ став на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство