За 2 ипол години, платата се зголеми за 18 отсто. Платата за 4 години ќе достигне 36 илјади денари. Само од 2017 до 2019 просечната плата се зголемила за 2 илјади и 300 денари. Политиките кои се спроведувани велат дека има поголем раст и на БДП. Од 2017 до 2019 година растот е над 3 отсто. Додека пак од 2010 до 2015 зголемување било само 1.8 отсто, изјави министерката за финансии на вечерашната дебата на телевизија Телма.

-Покрај ниските плати, за време на владеењето на претходната гарнитура имаше вртоглаво зголемување на јавниот долг, а немало економски раст. Со овој јавен долг требало да има раст на БДП од 5 отсто. Оваа влада го стабилизираше јавниот долг и го зголеми растот на БДП на 3.5 отсто, вели Ангеловска.