Србија и Балканот сеуште не можат да се опорават од масовните убиства кои се случија во училиште во Белград и во близина на Младеновац, каде згаснаа десетици млади животи.

Целиот регион е во шок и неверување, дека такви масакри може да се случат токму овде.

Бројни интелектуалци, новинари, психолози секојдневно апелираат до граѓаните, пред се, родителите, да разговараат со своите деца, да посветат повеќе време и внимание на нив.

Во бројните дебати кои се отворија на оваа тема, преовладува мислењето дека ваквото однесување кај одредени млади луѓе, најмногу доаѓа од домашното воспитување, односно, како се однесуваат нивните родители дома.

Но, кај нас, за жал, некои личности никако да сфатат дека со сеењето омраза и злоба по социјалните мрежи, всушност на јавноста им го ставаат на увид својот личен карактер и домашно воспитување.

Од сеењето омраза и злоба, уште полошо и алармантно е упатувањето на закани со тепање на други лица.

Кога живееме во период каде целиот Балкан тагува по прерано згаснатите млади животи од нивен врсник и сите се прашуваме, колективно каде грешиме и како треба да се подобриме за да не ни се случуваат вакви масакри, во исто време кај нас имаме луѓе кои јавно шират закани по социјалните мрежи, поради тоа што, замислете, не се согласуваат со политичките ставови со други лица.

Таков е примерот со поранешниот директор на ЈП Улици и Патишта на Град Скопје, Сенад Смајловиќ, за кого пред три години медиумите објавија дека е фатен од МВР во Струга со Кокаин.

И, наместо веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и се извини на јавноста и на партијата која го поставила на таа функција, за нанесениот срам и углед, истиот мораше да биде разрешен.

Периодов, Смајловиќ е актуелен на социјалната мрежа Фејсбук, каде си зема за право, тој да суди кој треба да биде на функција а кој не, и во обид да дискредитира одредени политичари, пишува статуси во кои покрај безброј граматички првоодделенски грешки и вулгарности, забележливи се јасно упатените физички закани и потикнување на други лица.

“Лешинари на клоци дигање; ке им ги удриме образите; к*р пушите; функционери ќе берат заби; вакви говеда на клоци; мрсул класичен; оставки да не дојдеме до клоци; да ви го е*ам лешинарскиот кабинет; племе расипано; гомнари, све ке е*ам; дојде време за клоци јадење; копитата на клоци да ги креваме…” се само мал дел од вулгарностите и заканите кои Смајловиќ ги упатува секојдневно.

Најлошо од се`е што сето ова го пишува некој кој во предходниот период имал одговорна функција токму во подмладокот на една партија.

Лошиот пример кој овој човек и таквите како него го оставаат на помладите генерации треба да претставува аларм, кој ке не разбуди сите, со мислата – во какво општество живееме, какви вредности делиме, дали треба да спаднеме на вакво ниво и да се навредуваме меѓусебе или да го игнорираме ваквото однесување.

Велат, кој какви мисли има, таков живот живее…а животот…животот е еден, да го живееме со позитивна мисла, да правиме добри дела и да бидеме среќни, а ваквите да ги оставиме да “тонат” во својата омраза.