Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза веќе беше објавен.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, е отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.