Преку 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, за кој во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари, соопштија на прес-конференција денеска од Владата.
Мерките предвидуваат поддршка за доквалификации, обуки, старт-апи, мерки за млади, субвенционирање плати и др.
Во изминатите две и пол години со скоро 100% реализација на Оперативните планови вработени се над 59.600 граѓани, со што невработеноста е на рекордно ниско ниво од 17,1%.