Во новиот извештај на Transparency International Macedonia за 2021 година Република Северна Македонија бележи сериозен напредок:
– во споредба со 2020 година има најголем напредок од сите земји во регионот ( подобро од Словенија, Бугарија, Хрватска, Србија, БИХ, Албанија, Косово и Црна Гора),
– има позитивен скок за дури 24 места во борбата против корупцијата и организираниот криминал
– најдобро рангирана во последните 6 години.
Во споредба со 2020 година, Словенија има минус 3 поени, Бугарија минус 2 поени, Албанија минус 1 поен, Србија, БИХ и Хрватска имаат исто поени колку и во 2020 година, Црна Гора плус 1 поен, Косово плус 3 поени додека најголем напредок има Северна Македонија со плус 4 поени за 2021 година.