Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој воедно е и противкандидат на Зоран Заев во Изборната единица 4, Александар Николовски, познат во последниот период по многу скандалозни изјави, на 11.02.2020 или пред нешто повеќе од еден месец ја убедуваше јавноста дека државата нема да добие датум за преговори во март.

Таа негова изјава, на веб сајтот на партијата дури и беше објавена со назив ЕКСКЛУЗИВНО.

Но, по таа изјава дојде март, а во март Р.С. Македонија сепак доби БЕЗУСЛОВЕН ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ! Најрадосна вест заедно со веста за пристапувањето во НАТО! Нешто за што овој народ и држава се стреми и чека со децении.

И сега, нормално е да се постави прашањето: Зошто им требаше толку многу на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да ја замајуваат јавноста со невистини и да ги обесхрабруваат граѓаните?! Зошто? Па нели е оваа држава и нивна, на сите? Зошто не се радуваат на заедничкиот напредок?

Или, ако тие не сакаат оваа земја да напредува и да оди напред, тоа не значи дека останатите граѓани кои се во огромно мнозинство не треба да ја знаат вистината дека државата е на прав пат и дека разликата во меѓународен план, од пред три години (од заробена држава под режим) и сега (светол пример на балканот) е неспоредлива.