Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска ја објави најновата анкета, која покажува дека СДСМ и понатаму ја одржува предноста пред ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето “За кого би гласале доколку изборите се одржат сега во недела?”, граѓаните одговориле вака:

СДСМ 17%

ВМРО-ДПМНЕ 16%

ДУИ 7%

Алијансата на Албанците 5%

БЕСА 4%

ДПА 1%

ЛЕВИЦА 1%

Ири анкета февруари 2020

Истражувањето е направено теренски, на 1222 испитаници во нивните домови, во првите десет дена од месец февруари оваа година. Мора да напоменеме дека во тој период, воопшто не се ниту претпоставуваше дека СДСМ и БЕСА ќе бидат заедно во коалиција. Доколку коалицијата беше обзнанена пред анкетата на ИРИ, рејтингот на двете партии би бил поголем. Но и вака, СДСМ и БЕСА имаат 5% предност пред ВМРО-ДПМНЕ или во пратенички мандати, плус 6/7 пратеници.

Според аналитичарите, во наредната анкета, се очекува разликата помеѓу двете најголеми коалиции да се зголеми со самиот факт што голем дел од албанското население, кое е незадоволно од политиките на ДУИ, знаејки дека БЕСА со сигурност ќе биде дел од наредната власт, ќе ги насочи своите гласови кон оваа коалиција.

За крај, мора да се земе предвид и професионалното справување на министерот Филипче, кадар на СДСМ, со коронавирусот, тема која во моментот е најактуелна во јавноста и која ќе има своја улога кај граѓаните при донесување на одлуката за гласање на предвремените парламентарни избори.