По добивањето на 1.000.000 евра грант од владата утринава, општина Крива Паланка потпиша и договор од 622.000 евра за реконструкција на градскиот плоштад.
„Денес со вас сакам да споделам уште една убава вест. Потпишан е договорот за ревитализација на градскиот плоштад и парк. Средствата во висина од околу 662.000€ се обезбедени преку Проект за промоција на општините преку туризмот. Честитки и благодарност до сите кои помогнаа и дадоа свој придонес да стасаме до реализација на оваа идеја.“ – информираше првиот човек на општината Борјанчо Мицевски.