„Последните информации коишто сега стигнаа до мене е дека медиуми брифираат од состанокот дека нема промена на преговарачка рамка. Не смееме да дозвилиме како политички партии и на власт и во опозиција да бидеме изворот на лажни вести ниту на полувистина. Ние треба посебно кога се работи за една ваква сериозна работа да одиме со официјалните информации коишто ги добиваме оттаму“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во интервју на Телевизија 24.

Таа додаде дека СДСМ има земено обврска за стратешка цел којашто ја ветиле пред 30 години, а тоа е членство во НАТО и членство во ЕУ.

„Осумдесет отсто од граѓаните сакаат да влезат во ЕУ, а вие упорно не одговарате. Јас доколку би била од другата страна со политика како вашата четири месеци пред избори би дошла подготвена со алтернатива. Не може пред граѓаните програмата да ви се вика „Ќе видиме и ќе ви кажеме“, потенцираше Кузеска.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да каже што со оваа држава и како понатаму.

„Ветувате дека на пензионерите ќе им ги покачите пензиите за 5.000 денари, а во истово студио кажувате дека можеби ќе се по петстотини на десет месеци или годинава 2.500, па следната 2.500, за на крај никој да не може да ве разбере. 11 години ја држевте државата заробена. 11 години бевме скарани со сите држави немаше земја со којашто немавме лоши односи“, заклучи Кузеска.