После толку многу порази и бегање од избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се соочени со внатрепартиски проблеми, барања за оставки и вонредни конгреси.

ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното формирање до сега, во целиот три децениски период никогаш не била во толку незавидна положба. Кај членството и симпатизерите се приметува очајот и безнадежноста. Огромен број од нив не веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски може да победи на било кои избори.

Истиот тој Мицкоски, лидерот на партијата, во последниот период го спушти начинот на комуникација на најниско можно ниво. Тој постојано за политичките противници употребува не толку пристојни зборови, несвојствени за некој кој се претставува професор и прв човек на опозиција. Дали таквото негово однесување се должи на внатрепартиските проблеми и притисокот кој се прави врз него, или пак изборните порази, тоа најдобро Мицкоски го знае, но она што може да се примети е малиот фонд на зборови со кој располага претседателот на најголемата опозициска партија.

Замислете, професор на факултет со татко професор на факултет а во секоја своја изјава еден ист збор да го употребува многу пати без да најде соодветен израз.

Еве, на пример, во вчерашната изјава за медиуми, Христијан Мицкоски во само неколку минути зборот “ПРАКТИЧНО” го употреби неколку десетици пати. Не еднаш, не два, не три пати….десетици пати, еден ист збор. И не само вчера, во секоја изјава, пресконференција, гостување, интервју, професорот Мицкоски најверојатно има проблем да најде соодветен збор со слично значење на зборот “ПРАКТИЧНО”.

ВМРО-ДПМНЕ во моментот се соочува со проблем во кадровскиот дел. Тие веќе неколку месеци имаат нов генерален секретар, а речиси и да нема едно појавување пред медиумите. Во новинарските кругови се шират муабети дека од секторот за комуникации на партијата имаат изјавено дека човекот имал многу трема пред камера, и овој период работи на анулирање на тие недостатоци и кога ќе биде спремен тогаш ќе може да дава интервјуа и да се појавува во јавност. Дали е тоа точно или не, ќе се види како истиот ќе се снаоѓа пред новинарите во периодот што следи.

Но, Мицкоски, доколку продолжи со ваквиот дрзок однос и потценување на политичките противници, уште повеќе ќе го зголемува својот НЕГАТИВЕН рејтинг а со тоа партијата која што ја води ќе остане уште многу време во опозиција.

Затоа, се поточни се прогнозите дека Христијан Мицкоски ќе биде единствениот досегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој неуспеал да стане премиер. Времето ќе го даде конечниот одговор.