Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информираше дека близу 112 милиони денари субвенции денеска се исплатени на 5.664 млекопроизводители, за произведено и предадено млеко.

„Продолжуваме и во време на глобална криза да даваме финансиска поддршка, како стимул за одржување на благосостојбата во сточарството, еден од најважните сектори во македонското земјоделство и економија“, нагласи Николовски.