Денеска во општина Ранковце беше означен почетокот на изградбата на системот за наводнување „Славишко Поле“ каде присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски, останати гости и граѓани.

„Денеска е голем ден за Општина Ранковце и регионот – го означивме почетокот на изградбата на системот за наводнување „Славишко Поле“. Новиот систем ќе овозможи наводнување на нови 200 хектари земјоделско земјиште и зголемување на приходите на земјоделците.“ – порача генералниот секретар на СДСМ Николовски потенцирајќи дека од новиот систем ќе имаат придобивка повеќе од 250 домаќинства од општина Ранковце кои се занимаваат со земјоделство, конкретно од околните села Гиновци, Псача и Петралица.

5632