Од денеска стартуваат новите правила за плаќање на македонските патарини.
Лентите за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за плаќање со електронски тагови, а не како досега да се плаќа и со MCARD.
Возачите кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
Од Јавното претпријатие за државни патишта апелираат до возачите да ги следат информативните електронски табли потставени на патарините за да не дојде до застои во сообраќајот.








































