Чест и задоволство ми е што денеска преку скромна донација се приклучувам на акцијата на општина Гази Баба Месец на хуманоста – Гази Баба се грижи, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Му благодарам на градоначалникот Борис Георгиевски што ме вклучи во оваа хумана мисија и ја користам приликата да ги повикам сите граѓани кои се можност да донираат, да помогнат колку што можат.
Да донираме, да се грижиме, преку скромни чекори да направиме некое семејство среќно.
Грижата за сите продолжува и овде во Гази Баба и низ целата држава“, посочи Николовски.













































