Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со одлука за новата цена на горивата од полноќ. Според одлуката, од 25-ти јуни поскапуваат сите нафтени деривати.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,040 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,720 ден/кг.
Цени на горивата кои ќе важат од полноќ:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,720 (денари/килограм)