Јавниот повик за поддршка за набавка на трактори е отворен, со посебен акцент на полјоделското производство.

-Модернизација на земјоделството значи држење на чекор со времето и со технологијата.Ве повикувам сите земјоделци кои одгледувате полјоделски и индустриски култури, да аплицирате за добивање на финансиска поддршка до 75% од вредноста на тракторот. Грижата за земјоделците продолжува, инвестираме во одржливо и ефикасно домашно производство, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Рокот за аплицирање е до 20.05.2022год.
Повеќе информации околу постапката може да видите на следниот ЛИНК.