На вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Гази Баба, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски доби прашање од публиката во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за тајни преговори за амнестија на политичари.

Пендаровски на прашањето недвосмислено одговори дека таквите обвинувања се само чаршиски муабети за кои не постои никаков доказ.

Но, Пендаровски го праша Мицкоски дали го интересира кој се’ барал прием кај него додека бил претседател.

“Пред 2,5 години највисоки функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараа прием кај мене. Да му кажам датуми, имиња и презимиња затоа што станува збор за неговите најблиски соработници од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам и што барале од мене. Истите бараа прием од мене, беа примени, јас ќе му кажам што точно разговаравме” – изјави Пендаровски и додаде дека добар дел од овие луѓе денеска котираат на највисоките места на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.