Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. Во изминатите седум години покажавме и докажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Уште поодлучни и попосветени, најавуваме кои ќе бидат главните столбови на нашата работа во наредните четири години. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

—Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. – рече Ковачевски

—Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата – посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.