Македонскиот Исток добива уште една завршена капитална инвестиција! Современ, модерен, еколошки систем за наводнување Славишко Поле, кој со работа започнува токму на овој голем ден, на овој голем празник Пресвета Богородица.
302147731_611372300356610_7395036986298574463_n
Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски го пуштија во употреба системот за наводнување.
-Горд сум на овој проект, заради тоа што лично за мене ова не е само “уште еден проект ” туку уште едно исполнето ветување, уште една постигната цел, уште една придобивка и голема инвестиција за граѓаните од паланечкиот крај. Од денес 500 семејства од селата од Општина Ранковце, Псача, Петралица и Гиновци добиваат вода, за да можат три пати да го зголемат производство и никогаш повеќе да не се грижат како да донесат вода на нивите, посочи Николовски.
1
Тој упати голема благодарност и до Европската Унија за целокупната поддршка и финансиска помош за да се стави во функција хидросистемот.
-Инвестираме над 228 милиони евра за водостопански проекти, што е рекорд, и потврда дека градиме како никогаш досега. Така и ќе продолжиме да градиме во интерес на граѓаните, на земјоделците и државата.
Честитки до сите земјоделци во овој регион, и нека новиот систем донесе нов живот, и зголемено домашно производство, рече министерот Николовски.
301807913_611372373689936_3529567041888535030_n
-За прв пат, земјоделците во регионот на Ранковце и Крива Паланка добиваат организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини. Од денеска во употреба е пуштен системот за наводнување „Славишко Поле“, кои ќе го користат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци. Наместо досегашните 40 хектари, сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште, рече премиерот Ковачевски на отварањето.
55
Изградбата на овој систем е дел од проектот финансиран од  ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со којшто е предвидено изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.
3