ВМРО-ДПМНЕ веќе пет години е “зацементирана” како опозиција на централно ниво. А како се одвиваат политичките случувања, многу поверојатно е и на наредните парламентарни избори да останат таму каде што се сега. Освен што немаат коалиционен потенцијал во македонскиот и албанскиот блок, со својата анти НАТО и Анти ЕУ политика, тие не продуцираат ниту нови кадри.

Таков е примерот со партиската комисија за земјоделство во чие име дава изјави Цветан Трипуновски. Трипуновски, на секои избори од 2017г наваму убедува дека само што не`дошле на власт (a никако да дојдат) и дели закани кон актуелните функционери, дека тоа и тоа ќе правел…

Тој е истиот оној кој кога го поставија за дополнителен-заменик министер, влезе во филмот на Груевски, па со сниматели упаѓаше во просториите на подрачните единици за земјоделство и мафташе со прст кон вработените. Постапка за која имаше реакција од синдикатот на УПОЗ но и од дирекцијата за заштита на личните податоци.

Советникот на Трипуновски, Златко Стојчев го слушавме во снимените разговори како со Трипуновски и Мицкоски, ги организираат партиските таканаречени “земјоделски” протести кај Росоман, каде имаше партиска администрација која глумеше земјоделци, реагираа тогаш од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ никако да сфати дека со таа политика на закани и изнесување на лаги и невистини, не се доаѓа на власт. Помина времето кога граѓаните беа “бомбардирани” со лажни вести за тоа колку добро живеат и колку им е убаво во времето на режимот на Груевски.

Е, од тоа време е и овој лик, Трипуновски кој додека земјоделското земјиште се делеше на пратеници, нивни блиски и функционери од тогашната власт, токму тој седеше во пратеничките клупи со плата во илјади евра и мува не го “лазеше”.

Додека во партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ се правеа списоци кој треба а кој не треба да добие субвенции, Трипуновски беше директор на државниот инспекторат за земјоделство и молчеше на сите овие неправди врз земјоделците.

Додека кутрите земјоделци не можеа да дојдат до парче државно земјоделско земјиште, Цветан Трипуновски седеше во удобната фотеља на Фитосанитарната лабораторија со “скрстени” раце.

Цела кариера на функција и плата незамислива за земјоделците.

Ако ВМРО -ДПМНЕ сака некогаш да ја добие широката поддршка од граѓаните, мора сериозно да размисли да се заблагодари на вакви негативни ликови кои со своето појавување во јавноста носат одбивност кон оваа партија.