Иако бевме сведоци на театар, односно глумење од страна на ВМРО-ДПМНЕ, те ќе влезеле во Влада, па нема да влезеле, па ќе размислеле…ете, дојде денот кога нивни кадри станаа министри, а ќе имаат и дополнителни заменици министри. Ќе земаат функционерска плата, ќе се возат во службени возила и ќе ги уживаат привилегиите на власта. И погледнете го парадоксот, иако сами велеа дека техничката влада треба да се укине (со тоа признаа дека државата е нормализарана, за разлика од нивното последно владеење, т.е режимот), сепак ги запоседнаа владините кабинети и си седнаа во функционерските фотељи, без избори.

Самиот Мицкоски во Топ тема на Телма призна дека со неговите кадри нема да има додадена вредност за владата туку како што кажа, таму ќе се корнеле за коса, ќе се тегнеле…

По самиот избор на кадри, опозициската партија не влева воопшто надеж во јавноста дека нешто кај нив се сменило на подобро, напротив со вакви предлози само ја продолжуваат агонијата и се самоизолираат од гласачкото тело, особено оние неопределените.