Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е најдобрата опција за стабилност и сигурност кај земјоделците, изјави на денешната прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„СДСМ е партија на добри вести, за разлика од опозицијата, која е извор на лажни вести.

Сакаме да ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини.

Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.

Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

Сакам да ја потсетам јавноста дека претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата за тутунарите, во година на светска здравствена и економска криза, успеа да реализира две милијарди денари финансиски средства“, истакна Георгиевски.
„Почитувани тутунари, СДСМ е со вас.

Секогаш кога е потребно, подаваме рака. Верувам дека добро се сеќавате на едно минато време, кога бевте оставени сами на себе, кога трпевте притисоци од режимот и кога моравте вашиот квалитетен тутун да го давате за мизерни цени.

Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме отворена партија и затоа што водиме грижа за сите.

СДСМ ќе продолжи со безрезервната гружа за тутунарите и за сите земјоделци во нашата држава“, потенцираше Георгиевски.