Разликата е очигледна, изјави за медиумите Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ.

„Истокот се менува и веќе не е најзапоставениот регион, туку е вистински пример за сите!
Денеска имаме уште една убава вест. Почетокот на реконструкцијата на Градскиот плоштад и на Градскиот парк во нашата Крива Паланка.

Проект кој е овозможен преку тесна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Владата предводена од СДСМ. Наша обврска и задача е да соработуваме со сите општини, заеднички да обезбедиме што побрз напредок и развој.
Тоа и го правиме.

Со реализацијата на овој Проект ќе добиеме нов и модерен плоштад и градски парк, кој ќе биде наша гордост. Ќе биде симбол на нашиот град.

Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме
подеднакво.

За само две и пол години постигнавме многу, а можеме уште повеќе во следниот мандат.

Обезбедуваме силна поддршка за земјоделците од 200 милиони евра, ја подигнавме минималната плата на ниво кое е подостоинствено од мизерните 9.000 денари колку што беше пред тоа. Сега е 14.500 денари, а ќе ја подигнеме за уште 40 проценти повеќе.

За 30 проценти ќе порасне и просечната плата.

Следуваат пакет проекти и мерки со кои директно ќе се подобри животот на граѓаните.
Ги оставаме назад времињата на стагнација и неуспех.

Станавме членка на НАТО и одиме кон ЕУ. Ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени.

Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние.

Можеме!“, заклучи Николовски.