„Слободен печат“ објави за бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници кои утринава пристигнуваат масовно и за тоа очекува одговор од телефонските оператори.
На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.