Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година. Заедно тоа ќе го направиме. Нема откажување од иднината! – рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.
—Јас не знам која друга партија има повеќе право да каже дека е за Европа од СДСМ. Сите наши залагања, целата наша работа и посветеност и тешкте одлуки што ги донесовме во изминатите седум години беа токму во насока на тоа, земјата што поскоро да стане членка на Европската Унија. Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. – рече Ковачевски
—Јас знам дека тој пат не е лесен, особено за нас. Јас на своја кожа почувствува дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Затоа уште еднаш ќе потенцирам дека на Македонија и е потребна Европската Унија. Тука не зборувам за бркање на европскиот сон! Географски и културолошки, Македонија е составен дел од Европа. Она што нѝ треба и кон кое се стремиме се европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега, без одлагање и за сите – посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.