Македонија со Гордана повторно ќе станела горда.

А што значи “повторно горда”?!

Дека за време на предходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ била горда?!

Па после оние што не’ внесоа во НАТО и го трасираа патот кон ЕУ, притоа ризикувајќи ги своите политички кариери, ја расипаа режимската забава и ја намалија гордоста???

До името било, од кал да е Гордана да е.

Македонија била горда во времето на Јанкулоска, сега пак ќе станела горда ако победела Силјановска?!

Нека ги потсети некој двете Гордани дека дефиниција за гордост за еден просечен Македонец не е:

  • 11 долги години организиран грабеж на државата од страна на фамилијата,
  • ниту баснословните хонорари на одбрани уметници кои го изботоксираа и искасапија препознатливото лице на Скопје,
  • ниту жалните врби и галиите во Вардар,
  • ниту фактот дека откупната цена на тутунот беше колку цената на една кутија цигари,
  • ниту распаднатото образование и факултет во секое село,
  • ниту влечењето на “Циганите” за уши и подигрување со човечињата од Пустец,
  • ниту тефтерчето на “Сваровски” судството
  • ниту нарачани апсења,
  • ниту режим, рекет и разурната демократија,
  • ниту “Миле ми текна”,
  • ниту, ниту, ниту ……………