Информацијата која денес остави во шок, тага и неверување многу припадници на новинарската фела, но и пошироката јавност, е секако ненадејната смрт на Атанас Ковачевски. Ковачевски е поранешен новинар и ТВ презентер, а веќе подолг период работеше како портпарол на ЕВН.

Ковачевски го напушти овој свет на само 50 години, а ќе остане запаметен по својата професионалност, харизма и препознатлив глас.

Нека почива во мир!