МИЦКОВСКИ И МНОГУ ДРУГИ НЕМААТ ОСНОВ ДА ГО ОМАЛОВАЖАТ ИСТОРИСКИОТ ДРЖАВНИЧКИ И ПАРТИСКИ ПРИДОНЕС НА ЗОРАН ЗАЕВ!
Заев е веќе вграден во македонската државна историја.
Го урна груевизмот, ги воспостави темелите за граѓанска држава заснована на еднаквост на граѓаните без разлика на национална, верска и политичка припадност.
Со Преспанскиот договор државата ги надмина блокадата од Грција, привремената референца ФИРОМ ја замени со уставно име под кое е запишана во ООН, со што и македонскиот јазик стана меѓународно признат, земјата стана членка во НАТО, придонесе да се потпише Договорот за пријателство со Бугарија како основа за надминување на блокадата на Бугарија со што се создадени сите предуслови за почеток на преговори за влез на земјата во ЕУ. Со тоа Заев како Премиер и лидер на СДСМ придонесе за детерминирање на насоката на земјата од која нема повраток.
А оставките кои ги најави се чин на храбар човек и меѓународно признат политичар со кои тектонски ги здрма ЕУ и САД дека наспроти неговите исполнувања на договореното не го испорачаа ветеното.
Заев воспостави и пракса дека кога на избори политичарот не ја добие очекуваната подршка од гласачите треба да поднесе оставка.
Накусо, Заев наспроти Бранко Црвенковски и Мицковски не го стави личниот интерес наспроти државните интереси.
Сеуште е Премиер и лидер на СДСМ и нема сомневање дека ќе ја предаде власта и партиската лидерска фунција на следниот се надавам промислено и демократски избран способен политичар/чека за да продолжи да работи на зацртаната НАТО и ЕУ насока. При што во меѓувреме работи да се обезбеди уште поголемо и постабилно мнозинство во Собранието.
По изборот на новата Влада Мицковски, после три неуспешни избори, ако има тронка политички морал и етика мора да поднесе оставка и да замине во историјата како неуспешен партиски лидер и политичар.
Заев е млад човек со зачуван политички и морален интегритет. И верувам дека секогаш кога ќе и треба на земјата ќе биде прифатен од мнозинството граѓани и сопартијци.

ФБ статус на Тито Беличанец