Уште не беше пренесена во повеќето македонски медиуми изјавата на Христијан Мицкоски дадена пред Владата, оти има „информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет“, се огласи европаратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека лаже.
„Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички дивиденди со измислиците што ги зборува. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост“.
Бугарскиот европратеник порачува дека во рамките на ЕПП ќе покрене расправа за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ!

ФБ статус на Тито Беличанец