Иван Јорданов шест години е член на Советот на Општина Штип и земал преку 1 милион денари како советник.

Се сеќавате ли на едно негово достигнување за граѓаните?
Дали се сеќавате на негов предлог за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните?

Додека тој постира слики на фејсбук јас за само две години поместив од мртва точка гигантски проекти:

 Обезбедив 2️⃣0️⃣0️⃣ милиони денари за изградба на браната на река Отиња.
 Започна изградбата на покриен базен од над 3️⃣8️⃣ милиони денари.
 Изградив детска градинка од над 5️⃣0️⃣ милиони денари.
 Изградив водовод до населба Балканска во вредност од над 2️⃣0️⃣ милиони денари.
 Намалена цена на вода за 1️⃣0️⃣%
 Изградив паркинг платформа со 4️⃣0️⃣ паркинг места
 Завршен кружен тек со обиколница
 Изградба на мост на река Брегалница
 Реконструирав 3️⃣ спортски сали во Штип
 Реконструкција на школите и градинките во градот
 Реконструирани и изградени над 5️⃣0️⃣ улици
 Реконструирани и изградени над 1️⃣2️⃣ илјади метри квадратни тротоари.
 Реконструирани и изградени над 1️⃣2️⃣ километри канализации и водоводи…..

Продолжувам со реализација на децениски проекти во интерес на граѓаните!

Во прилог е неговата “работа” како советник👇

Фејсбук статус на Благој Бочварски, градоначалник на Штип