Насилниците од видеото кое се појави денес се уапсени, штипското јавно обвинителство веќе отвора истрага. Активистките и организациите ќе ја следат истрагата, но и постапувањата на правосудните органи.
На сите нас останува, особено во периодов на изолација, секогаш, ама СЕКОГАШ кога ќе чуеме во соседството звуци кои укажуваат на насилство да ја контактираме полицијата, но и организациите кои можат да го следат постапувањето на полицијата.
Протекувањето на видеото е причината зошто овие двајца ќе бидат гонети и казнети, но да не заборавиме на бројните случаи кои остануваат надвор од очиоте на јавноста и институциите.
ФБ статус на Ирена Цветковиќ