Се надевам дека сите вие кои што сте свесни и совесни, ќе се трудите да им објасните на оние блиските околу вас, кои се игнорантни и дезинформирани, неколку битни работи:

1. Од “обична” настинка/грип не умираат млади луѓе, без хронични болести
2. Докторот што ќе ти даде 10 рецепти по твоја желба само за да не му се качуваш на глава, не ти прави никаква услуга, напротив.
3. Секакви неедуцирани или полуедуцирани имаат пристап до интернет и пишуваат неосновани глупости кои може ви звучат реално, ама не се точни. А, нема полоша лага од полувистина.
4. Најголем дел од оние кои се против мерки и носење маски, да беше ова 1918год.ќе беа мртви.
5. Капацитетите во нашите болници се преполнети. Следен кој со пневмонија ќе биде оставен дома, може да е вашиот родител или брат.
6. Се уште не се знае каква се штета прави коронавирусот во телото. Тоа што некои од вас сте асимптоматски, не значи дека внатре ништо не ви се случува. Допрва ќе ги откриваме последиците.

ФБ статус на Елена Димитриева