По прес конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во која вети многу работа и ангажирање на сите расположливи капацитети, “експлодираше” незадоволството кај граѓаните на Фејсбук.
“За жал немате ни кадри во партијата, останаа сите кои се корумпирани. 11 години растуравте држава со крадење и лажење“; “Лажи, лажи Вере. Ама нема веќе кого да лажете. Така и во вашето владеење, пред избори ветувавте, а после тоа рогови ни набивавте.“; “Скопје 2024 има ли во програмата или го чувате како изненадување“; “Се виде вашето работење=крадење“; “Со кои граѓани разговарате Јанушев, со партиските членови, и тие не ви доаѓаат, двајца без тројца“; “А бе ве видовме што направивте и немој веќе да ветувате. Аман доста е.“; “Какви бевте знаеме, како опозиција ве гледаме, исти…Епа како може да ветувате нешто кога не се менувате кон подобро, во интерес на државата?“; “Видовме како се трудите, не случајно сте под истраги цело раководство” – се само дел од коментарите на повеќето граѓани.