Она што е најважно кај професиите кои подразбираат контакт со луѓе е токму тоа:осетот за работа со луѓе. Како кога си здравствен работник. Мора, освен стручноста секако, да сакаш и да умееш да ги разбираш сите стравој, сите несигурности, сите болки вон болеста. Џабе ти е стручноста, ако егото ти е поголемо од потребата да помогнеш со збор, со совет, со смирување. Оти така го лекуваш болниот, а не болеста. Не кажуваш дека ти не си телефонска секретарка, затоа што знаеш дека оној кому си му потребен и кој ти верува, живее во болка и страв. Има такви луѓе. Мирисаат на добрина, на босилек, на топол симит во гласот. Таквите ни се потребни. Тие ќе не спасат, олеснувајќи ни го животниот замор во кој сите сме заглавени.
и уште многу други знајни и незнајни херои на мачново време. За сите здравствени работници кои се тука за нас За просветните работници, во друга прилика.
ФБ статус на Елизабета Секирарска







































