Факт е дека тоа што се случи во Тетово пред два дена е грозоморна трагедија која не погоди сите и истата мора да биде истражена до крај, а извештајот да биде презентиран на целата јавност. Дали е намерно или случајно и кој има вина или кој направил пропуст во истата јас би почекал официјален извештај пред да коментирам било што, до тогаш можам само да изразам сочувство до семејствата за нивните големи и не надоместливи загуби ….
….. но поентата на постот ми е друга… деновиве одредени луѓе, а и многу колеги фрлаат и дрва и камења против актуелниот министер за здравство, а јас како лекар со скромни 6 години работно искусто како матичен лекар сега приватен – специјализант и доктор кој скоро во сите бранови работеше во ковид центрите, сакам да кажам неколку збора за тоа како јас ќе се сеќавам во Иднина на актуелниот министер за здравство …
… многу години наназад низ Клиниките во државата се провлекуваше една мала група на лекари познати како приватни специјализанти кои работеа постојано, не земаат ниту денар, иако се лекари за своето лекување мораа приватно да си платат, и секако на секои 6 месеци плаќаа од 600 до 800 евра партиципација,но сепак многу министри претходно од многу влади и партии веруваа дека нивното постоење е само мит, додека не дојде актуелниот министер. Тој прв ги седна на маса, прв понуди плата, здравствени осигурување, а од неодамна и платени дежуства, благодарение на тоа повеќето приватни специјализанти можат да ја тераат и завршат својата специјализација до крајот, а со тоа да го надоместат подоцна дефицитот на специјалисти особено во малите градови. Разговарајќи со многу специјалисти со кои заедно сме дежурале истите заедно со дежурства и минат труд не можеа да стигнат плата од 500 евра, сега можат да се пофалат со плати кои се и повеќе од двојно зголемени, а секако и сите луѓе можат да посведочат дека во времето кога Ковид се појави и луѓето не знаеа што ќе се случи понатаму, актуелниот министер и по неколку часа секој ден држеше прес-конференции и одговараше на секаков тип на прашања поставени од граѓаните преку новинарите, да не зборувам за укинувањето на Квотите во аптеките кои беа ноќна мора за старите и изнемоштени лица, кои мораа до трети да си ги земат лековите чекајки по 8 часа пред аптеките, во спротивно си ги купуваа на приватно лековите, после скоро три децении овој министер стави крај и на оваа голгота ….
… јас немам намера да се мешам во ничие мислење, ова е мој став и мое мислење, по што јас ќе го паметам актуелниот министер за здрсвство без разлика дали оставката ќе биде или нема да биде прифатена. За жал како луѓе секогаш сме склони да ги обвинуваме другите без да почекаме да ја дознаеме вистинста, а вистинста за овој случај можеме да ја дознаеме само преку надлежните органи.

ФБ статус на Д-р Роберт Николовски