Командирот Благојче Димшоски, чии фотографии повеќепати се нашле на социјалните мрежи, а последниот пат тоа беше случај пред само неколку месеци кога во ек на пандемија наместо да ги спроведува, тој ги прекршуваше сите заштитни анти-корона мерки, денеска повторно е актуелен на социјалните мрежи.

Имено, на социјалната мрежа Твитер, од профилот Рецепционерот Таљат, повторно се објавени фотографии на кои наводно е присутен заменик-командирот во ПС Крушево Димшоски, кадар назначен од Чулев, кој доколку е вистинита објавата во работно време и во полициска униформа конзумира алкохол во друштво?!